
Германија шокантно загуби во првиот натпревар на Светското првенство. Иако на полувремето имаа предност од 1-0 против Јапонија, Германците ја загубија во вториот дел и на крајот беа поразени со 1-2.
Германскиот селектор Ханси Флик беше многу разочаран по натпреварот.
„Брутално разочарување. Имавме 78% од посед на топката во првото полувреме, во вториот дел имавме многу шанси кои не ги искористивме. Јапонија очигледно не победи на сметка на ефикасноста. Направивме индивидуални грешки кои не треба да се направат. Знаевме дека Јапонија е брза во транзиција, и така нè добија“, изјави Флик.
Германија сега треба да игра против Шпанија и против Костарика.
„Мораме да гледаме напред и ќе го направиме тоа. Има уште шест бода во натпреварувањето во групата. Сакаме да ги освоиме и ќе работиме на тоа“, дополни Флик.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го доби вечното македонско дерби со брзината и генијалните потези на Роџерс Мато,...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski