
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, беше среќен поради пласманот на неговиот тим во полуфиналето на Лигата на шампионите. Тоа се случи и покрај поразот од 1-3 од Борусија Дортмунд во реваншот од четвртфиналето. Сепак, тренерот смета дека неговиот тим заслужено оди понатаму.
„Во полуфинале сме. Ако ги погледнеме двата натпревари заедно, мислам дека сосема заслужено сме во следната фаза. Борусија е одличен тим и ни зададе многу проблеми, но ние одиме понатаму, а тоа е единственото што е важно“, изјави Флик.
„Не ја прикажавме нашата најдобра игра, но за тоа е виновна и одличната игра на Борусија Дортмунд. Она што го направи тимот во последните неколку недели е феноменално. Направивме уште еден чекор напред, но сè уште имаме долг пат пред нас“, додаде Германецот.
Тој го прокоментира и потенцијалниот следен противник.
„Лигата на шампионите е најсилниот турнир во светот. Кога си меѓу најдобрите четири, тоа е одлично. Немам никакви желби кој ќе ни биде следен противник, Интер или Баерн. Како и да е, сигурно ќе го гледам нивниот натпревар“, заврши Флик.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Матеј Гаштаров дебитираше за сениорскиот тим на Црвена Звезда

Интернационалци
Серафимов потпиша за Левски
