Connect with us

Флик не сака Германија да биде во квалификациска група за ЕВРО 2024, сам ќе ги бира ривалите

Домаќин на Европското првенство во фудбал во 2024 година ќе биде Германија, а како што сега стојат работите, Германците нема да изберат опција да бидат вклучени во една од групите во текот на квалификациите и да бидат таканаречена „гостинска“ репрезентација.


Домаќинот на турнирот може да избере да биде член на една квалификациска група и да игра ненатпреварувачки натпревари како Франција за ЕП 2016 и за СП во Катар 2022.

Домашниот тим исто така може да избере свои противници за играње во временските термини во кои другите ќе играат квалификации.

Германските медиуми пишуваат дека домаќинот на следното ЕВРО е поблиску до оваа втора опција бидејќи селекторот Ханси Флик сака сам да избере против кого ќе се подготвува репрезентацијата.

Покрај тоа, Флик сака да ги игра сите натпревари како домаќин.

Ждрепката за квалификациите за Европското првенство е закажана за 9 октомври во Франкфурт.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови