По примерот на најголемите европски и балкански клубови, ФК Работнички и официјално е дел од Е-спорт. Од 25. март, Работнички Е-спорт ќе учествува во најсилната балканска лига во „Е-фудбал 3 vs 3“, во која ќе се натпреварува против најсилните Е-спорт екипи на Балканот, Партизан, Црвена ѕвезда Будуќност, Марибор, Истра.
Тимот на Работнички Е-спорт ќе го предводи Армин Мандал како капитен заедно со соиграчите Марко Миниќ, Јакуп Максути, Томислав Халузан, Ниметула Даути и Бенјамин Аслани. Натпреварите ќе се пренесуваат на ТВ Арена Е-спорт секој понеделник со почеток во 20 часот.
ФК Работнички во чекор со светските спортски трендови, станувајќи дел од Е-спорт лигата ќе го промовира не само ФК Работнички како фудбалски клуб со голема традиција и реноме, туку и македонскиот фудбал и Македонија во целина.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski