Фудбалските клубови Работнички и Кожуф потпишаа Меморандум за соработка. Во рамките на стогодишнината од постоењето на клубот домаќин, претседателот Драган Поповски и спортскиот директор Горан Станковски во името на ФК Работнички потпишаа Меморандум за соработка со претседателот и спортскиот директор на ФК Кожуф, Никола Танчевски и Лазар Шуклев.
Како што се наведува, ова е почеток на нова значајна соработка меѓу двата клуба со долга фудбалска традиција. Преку заедничките проекти ќе биде овозможено поттикнување и развој на фудбалот во овој регион, а особен фокус ќе бидат младите фудбалски таленти. Ќе има размена на искуства и меѓу тренерите, фудбалските академии и кадровските структури.
На денешното потпишување на Меморандумот за соработка присуствуваа и членовите на ветеранската секција на ФК Работнички.
Сениорските тимови на Кожуф и на Работнички одиграа пријателски натпревар во Гевгелија кој заврши без голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal