
Македонските фудбалски клубови конечно почнаа да работат и на планот на маркетингот. Откако Брера најави дека утре ќе отвори Фан шоп во центарот на Струмица, второлигашот Пелистер потенцира дека ќе почне со продажба на клупскиот дрес.
Пред саботниот натпреар против Саса ќе се продаваат оригинални зелено-бели дресови.
„Нашиот клуб започнува со продажба на домашниот дрес. Продажбата ќе се одвива в сабота, на 02.03.2024 година на нашиот стадион ,,Петар Милошевски” пред почетокот на натпреварот. Дресовите ќе се продаваат по симболична цена од 2.000 денари, а продажбата ќе трае од 12:30 часот до 14:00 часот.
Ја разгледуваме можноста и за онлајн нарачки на дресовите и различни спортски реквизити, кои ги очекуваме да пристигнат во наредниот период, а за кои ќе бидете дополнително известени. За повеќе детали околу продажбата на дресовите, обратете се во билетарницата на денот на натпреварот“, се вели во соопштението на клубот од Битола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
