Една од најдобрите фудбалски школи во Македонија, ФК Њу Старс, на стадионот „Млади Лавови“ во скопската населба Ѓорче Петров, ја прослави десетгодишнината од постоењето.
Њу Старс е релативно млад фудбалски клуб, основан 2011 година во главниот град. Основната цел на овој фудбалски клуб е креирање на индивидуи со здрави навики, со развиени социјални и тимски вештини, личности кои ќе бидат значаен дел и во нашиот тим, но и во општествената заедница. Клубот е предводен од 12 УЕФА лиценцирани тренери, oд кои двајца со ПРО лиценца. Во моментов, брои 786 регистрирани фудбалери.

Младинските екипи во последните пет сезони се постојани учесници во завршниците полуфинале и финале на Купот на Македонија, со три од четири натпреварувачки генерации последниве две години кога е прекинато натпреварувањето, а пред две години играа финале со 2002 година. Исто така е меѓу најдобрите 3-4 младински екипи и во националното
првенство.
Учесници се во „Супер младинската лига на ФФМ“, во „Детската лига на ФФМ“ и меѓу најдобрите три во Трета лига со сениорскиот тим веднаш по првата сезона помината во општинската лига.

Со трпелива, квалитетна и континуирана работа, полека ФК Њу Старс станува бренд во младинскиот фудбал, ова го констатираме затоа што ФК Њу Старс веќе има 7-8 стандардни репрезентативци во младите категории. Настанот го отвори со говор основачот на ФК Њу Старс, Илчо Ѓорѓиоски, додека пак дел од гостите беа личности од јавната сцена, голем број родители со своите деца, како и членовите на ФК Њу Старс.
Фудбалскиот клуб Њу Старс не ги заборава и оние, без кои не би бил тоа што е, без кои еден спортски колектив не може да функционира тренерите. Сите спортски работници кои од позадина, кои се исто толку битни алки колку и оние на фудбалскиот терен, кои несебично се вложија и беа безрезервно инволвирани во клубот добија благодарници на самиот настан „10 години постоење ФК Њу Старс”. Настанот се заврши со лотарија, на која се доделуваа награди.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













