
Македонскиот прволигаш Македонија ЃП со ново соопштение повика на оставки во Судиската комисија на ФФМ поради судиските грешки кои го карактеризираа првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига.
Во соопштението на Македонија ЃП, се вели:
По завршеното последно коло во Првата и втора МФЛ и катастрофалните судиски одлуки кои влијаеа на конечниот резултат на неколку натпревари СУДУСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ФФМ се уште не ја објавува ниту нивната анализа.
- Затоа прашуваме :
- Дали со тоа сакаат да се преќутат овие срамни одлуки и да не ги признаат, или се срамат од нив?
- Зошто оваа судиска организација го врати Стојанче Стојанов и му ја оживеа судиската кариера која е полна со лоши одлуки и штети нанесени на многу клубови, судија кој со години беше трнат од натпреварите во 1МФЛ
- Зошто од судиска упорно се делегираат едни исти судии и покрај добивање на неколку слаби оцени во една полусезона, додека некои судии не добиваат ниту шанса да се докажат во 1МФЛ.
- Дали со ваква работа сакаат да ги тргнат и странските инвеститори кои во оваа сезона се во рекорден број од постоењето на фудбалот во Македонија?
Вака нема да привлечеме нови луѓе кои ќе инвестираат во нашиот фудбал, туку ќе ги загубиме и тие што ги имаме во моментот.
—-МАРЈАН РИСТЕСКИ ЗЕМИ ОДГОВОРНОСТ И ПОДНЕСИ ОСТАВКА БИДЕЈЌИ ТИ ДЕЛЕГИРАШ СУДИИ, ИЛИ МОЖЕБИ НЕКОЈ ДРУГ….??????
Уште еднаш ќе повториме ВИЕ СТЕ НАЈЛОШАТА СУДИСКА.
САМО СО ОСТАВКИ ЌЕ ПОКАЖЕТЕ ДЕКА ИМАТЕ ЧУСТВО ЗА ФУДБАЛ И СРАМ ЗА ТОА ШТО СЕ СЛУЧУВА.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
