Connect with us

Фирмино пред трансфер во Серија А

Бразилскиот интернационалец Роберто Фирмино по истекот на договорот со Ливерпул на крајот од сезоната ќе стане слободен играч. Тоа го потврди и фудбалерот, кој ја одби можноста за продолжување на соработката, имајќи предвид дека веќе подолго време не е задоволен од минутажата, особено по доаѓањето на Дарвин Нуњез, кој е проектиран како долгорочно решение во нападот.


Според медиумите во Италија, Фирмино е цел на трите најголеми италијански клубови – Милан, Јувентус и Интер.

Бразилецот во Ливерпул пристигна во 2015 година и со него ги освои сите најважни трофеи, вклучувајќи ги Лигата на шампионите и Премиер – лигата, а оваа сезона има ефект од девет гола и четири асистенции на 26 настапи во сите натпреварувања.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови