Фиорентина е во голгетерски ритам, а тоа на своја кожа го почувствува Рома која прими пет гола (5-1) на „Артемио Франки“. По овој триумф, „виолетовите“ се најдоа на четвртата позиција со 16 бода, шест помалку од лидерот Наполи.
Моисе Кин го отвори резултатот во деветтата минута, а Белтран од пенал зголеми на 2-0.
Ману Коне намали пред полувремето, но Моисе Кин погоди уште еднаш за 3-1 на паузата.
Едоардо Бове го постигна четвртиот гол за Фиорентина, а потоа Матс Хумелс си постигна автогол за конечни 5-1. Во меѓувреме и Хермосо беше исклучен, па проблемите на Рома беа навистина огромни.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













