Connect with us

Фиорентина и Вест Хем во финалето на Конференциската лига на УЕФА (ВИДЕО)

Италијанскиот тим Фиорентина со финиш режиран од Хичкок, со гол во 130.минута, по продолженија, успеа да го победи Базел со 1-3 на гости и се пласира во финалето на Конференциската лига на УЕФА. По првиот меч во Италија, Базел имаше предност од 1-2. Но, „вилетовите“ одговорија на реваншот и во финалето ќе играат против Вест Хем, кој славеше и во реваншот против АЗ Алкмар (0-1) со голот на Пабло Форналс.

Во Швајцарија беше мнпгу повозбудливо. Нико Гонзалес ја доведе Фиорентина во водство во 35.минута, а израмни Амдуни во 55.минута.

Повторно Нико Гонзалес донесе предност за Фиорентина и го одведе мечот во продолженија, со идентичен резултат како и првиот дуел во Фиренца.

Херој на Фиорентина беше Антонин Барак кој постигна победнички гол во 130.минута, во долгото надополнување на времето од продолженијата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови