
Општина Битола и Фудбалската федерација на Македонија како носител на проектот за рефлекторско осветлување на стадионот „Петар Милошевски”, ги финализираат активностите за центрирање и фотометрија на рефлекторското осветлување, неопходни за одигрување на ноќни натпревари на стадионот во Битола, согласно пропишаните стандарди, информира ФФМ.
На овој начин ќе се осигура безбедноста, квалитетот и усогласеноста на инсталираниот систем за осветлување, а рефлекторското осветлување ќе биде пуштено во употреба веднаш, по завршувањето на потребните постапки.
Рефлекторите на стадионот веќе се целосно функционални и обезбедуваат оптимална видливост и одлични услови за одигрување натпревари во вечерен термин, но проектниот тим останува целосно, професионално посветен на успешно завршување на целиот процес.
Фудбалската федерација на Македонија преку програмата „ХетТрик“ на УЕФА инвестираше во изградба на бетонски столбови високи 55 метри и во поставување на повеќе од 270 големи светилки кои го осветлуваат теренот и трибините на “Петар Милошевски”.
Исто така, ФФМ инвестираше во поставување на тревна подлога со дренажен систем и систем за наводнување на тревникот на стадионот во Битола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
