Connect with us

Фил Фоден е играч на сезоната во Премиер – лигата

Фудбалерот на Манчестер Сити петта година по ред е најдобар играч во Премиер – лигата. Овојпат тоа е Фил Фоден, англиски репрезентативец и фудбалер кој одигра сезона на кариерата, на сите им докажа дека е исклучително стабилен и одличен стрелец и асистент кој полека ја презема палката на тимот на Манчестер Сити од Кевин де Бруин.

Сезонава постигна 17 гола на 34 натпревари, додаде осум асистенции и се чини дека заслужено ја доби оваа награда.

Тој го наследи Ерлинг Халанд, кој минатата сезона беше прогласен за најдобар играч во англискиот шампионат.

Инаку, оваа престижна награда никој ја нема добиено повеќе од двапати, а само четворица двапати ја добиле наградата за играч на годината и тоа Тиери Анри, Кристијано Роналдо, Немања Видиќ и Кевин де Бруин.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови