Барселона не успеа да го регистрира Дани Олмо, бидејќи Ла Лига не ја прифати документацијата што каталонскиот клуб ја достави, и од полноќ Шпанецот е слободен играч.
Како што е познато, сагата трае со денови, жалбите на Барса беа одбиени од два суда, а Ла Лига побара однапред аванс од компаниите од Дубаи кои ги откупија ВИП ложите на „Камп Ноу“ за следните 20 години.
Дани Олмо цело време чекаше, беше оптимист, клубот го уверуваше дека ќе го реши прашањето на овој или оној начин, но Жоан Лапорта повторно не успеа.
Сепак, Олмо преку социјалните мрежи порача дека во 2025 година мисли само на останување во Барселона и дека не сака да замине така лесно.
Наводно, Ла Лига го предаде случајот на Фудбалската федерација на Шпанија (РФЕФ), која ќе ѝ даде на Барса уште 72 часа за да ја реши ситуацијата. Но, останува нејасно што Жоан Лапорта може уште да направи за да ја поправи и среди ситуацијата и да го регистрира Олмо.
Шпанецот не сака да го напушти клубот, но ако биде принуден, не се исклучува можноста да замине на позајмица до крајот на сезоната, додека Барселона до лето ги реши финансиските проблеми.
Сѐ на сѐ, навивачите се разочарани, сметаат дека ова е голем срам и дека Жоан Лапорта е должен јавно да ја објасни целата ситуација.
Тој со денови не се огласува, а се очекува и Барселона да издаде соопштение во врска со целата ситуација. Покрај Дани Олмо, истата судбина го снајде и Пау Виктор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal