Светската фудбалска организација (ФИФА) има проект за внесување на нова супер – технологија во фудбалот која ќе ги сведе на минимум грешките при проценката на офсајд – позиција. Полуавтоматскиот офсајд систем беше делумно тестиран на натпреварите од Светското клупско првенство во Катар и треба да биде надградба на ВАР – системот за прецизна проценка дали напаѓачот се во недозволена позиција.
Резултатите од најновото тестирање треба да бидат откриени во наредните денови, а ФИФА се надева дека ќе може да развие нова супер – технолошка алатка.
Полуавтоматска офсајд технологија вклучува следење на екстремитетите, автоматско откривање на топката и создавање модел на скелет на играч. Вештачката интелигенција ги следи движењата на играчите и идентификува точно кога е реализирано додавањето. Со проучување на екстремитетите на играчите, ВАР може за неколку секунди да му го пренесе офсајдот на асистентот, кој ќе го подигне знамето. Технологијата е толку софистицирана што може да открие прст на напаѓачот во офсајд во реално време.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski