
ФИФА ќе изработи студија за одржување на Светско првенство во машка и во женска конкѕренција на секои две години, наместо сегашните четири, беше одлучено на конгресот на Светската фудбалска организација.
Фудбалската федерација на Саудиска Арабија предложи студија за разгледување на одржување на најголемото светско фудбалско натпреварување на секои две години.
„Ние веруваме дека иднината на фудбалот е во пресвртна точка. Бројни фудбалски проблеми сега се уште поизразени поради пандемијата. Време е да видиме како е структурирана глобалната игра и што е најдобро за нашиот спорт. Ова исто така значи да се разгледа дали четиригодишниот циклус е оптимален од конкурентна и комерцијална перспектива“, рече претседателот на Фудбалската федерација на Саудиска Арабија, Јасер Ал-Мисехал.
Џани Инфантино, претседателот на ФИФА, го нарече елоквентен и детален предлог, за кој гласаа 166 национални федерации, додека 22 беа против. Инфантино рече дека студијата ќе разгледа како би изгледале натпреварите и можен календар со вакви измени.
„Не е важно што мислам за тоа сега, резултатите од таквата студија се важни. Мора да бидеме отворени, ја знаеме вредноста на Светското првенство и неговото влијание“, рече Инфантино, кој се прашува дали сегашниот квалификациски модел за големи натпреварувања е адекватен.
„Ќе анализираме сè и ќе го ставиме спортот како приоритет, а не комерцијалните елементи“, заклучи Инфантино.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Славчо Војнески нов тренер на саудискиот Ал-Оробах

Евро-фудбал
Пауло Дибала останува во Рома и во новата сезона

Евро-фудбал
Шешко е блиску до трансфер на “Олд Трафорд”
