
Дискриминаторските скандирања упатени од еквадорските навивачи за време на церемонијата на отворањето на Светското првенство, ја поттикнаа ФИФА да го отвори првиот дисциплински случај на турнирот, објави АП.
ФИФА соопшти дека обвинението е покренато „поради скандирања“ на неделниот натпревар против Катар и го наведе делот од дисциплинскиот правилник кој се однесува на дискриминација.
Наводно, скандирањата биле насочени кон Чиле, кои поднесоа жалба до Судот за спортска арбитража пред Светското првенство во обид да го заземат местото на Еквадор на Мундијалот.
ФИФА не одреди конкретен датум за случајот против Фудбалската федерација на Еквадор.
Навивачите на Еквадор, исто така, го привлекоа глобалното внимание со нивните извици „сакаме пиво“ на шпански јазик за време на победата на селекцијата од 2-0 на стадионот „Ал Баит“ против домаќинот Катар. Ова беше повик кон ФИФА и организаторите на турнирот кои ја забранија продажбата на алкохол на стадионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал избегна пораз на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
