Џани Инфантино, претседателот на ФИФА објави одлична вест на конгресот на Светската фудбалска организација во Бангкок.
„Ќе го развиеме и подобриме ВАР. Тој систем го користат 65 национални асоцијации, но сега ќе го подобриме. Создадовме основна технологија со помалку камери и без судии да одлучуваат, така што ќе биде достапен за сите и полесен за употреба. Тој систем веќе се тестира.
Ќе функционира така што тренерот на секоја екипа ќе има право двапати на натпревар да бара помош од ВАР. Доколку првичната одлука на судијата се смени по таквата барана проверка, тимот што ја побарал проверката сепак ќе има право на две проверки. Доколку, пак, по ваквата барана проверка, ВАР ја потврди одлуката на судијата на теренот, тогаш екипата која ја побарала го губи правото на една проверка по нејзино барање“, објасни Инфантино.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













