
ФИФА не се откажува од идејата да има Светско првенство на секои две години, иако има и бројни критики од сите страни. Сепак, првиот човек Џани Инфантино вели дека оваа идеја би донела сериозен финансиски бенефит за сите.
„Светското првенство на секои две години не е мое барање, Конгресот побара студија. Направивме многу сериозна студија, изработен е од спортски аспект, а економските перформанси се позитивни за сите“, изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Тој вели дека противници се земјите кои имаат развиен клупски фудбал, но што со останатите…
„Во Европа има силна опозиција, во Италија, Шпанија и Англија секоја недела има Светско првенство со најдобрите играчи во светот, но во остатокот од светот тоа го нема“, додаде првиот човек на светскиот фудбал.
Планот е веќе направен и се чека на негово одобрување.
„Претпоставките мора да бидат јасни, 88 отсто од земјите, дури и повеќето европски, побарале студија. Направивме многу сериозна студија која покажува дека од спортски аспект се би функционирало, би имало помалку репрезентативни натпревари, но позначајни. Многу земји во светот немаат среќа да играат на Светското првенство, само 32 од 211 земји. Кога пред 100 години беше одлучено Светското првенство да се игра на секои четири години, фудбал играа 40 земји во светот, денес ги има повеќе од 200 и тоа мора да се земе предвид“, истакнува Инфантино.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 подобра од Индонезија

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
