ФИФА би можела да ја суспендира Израелската фудбалска федерација, израелската фудбалска репрезентација и клубовите од своите натпреварувања. Во екот на војната во Појасот Газа во март оваа година, Израелците беа пријавени од страна на Палестинскиот фудбалски сојуз. Одлуката за евентуална суспензија требаше да биде донесена во мај, но беше одложена за наредниот четврток.
Советот на ФИФА ќе се состане и ќе донесе важна одлука. Советот е составен од претставници на фудбалските федерации од целиот свет. Палестинските фудбалски функционери сметаат дека Израелците ги прекршиле правилата на ФИФА и бараат санкции за израелските клубови и репрезентацијата, која месецов треба да игра натпревари од Лигата на нации против Франција и Италија.
Претседателот на Израелската фудбалска федерација, Шин Моше Зуарес, изјави дека ова е „циничен и непријателски политички обид на Палестинците да му наштетат на израелскиот фудбал“, пренесува британскиот „Би-Би-Си“.
Доколку ФИФА одлучи да ги исфрли Израелците од сите свои натпреварувања, тоа ќе биде вторпат во последните неколку години да се донесе ваква одлука. На почетокот на војната во Украина беа исфрлени и руските клубови и репрезентација.
Израел започна воена акција во Појасот Газа како одговор на нападот на Хамас, кој се случи на 7 октомври и при кој беа убиени 1.200 луѓе, а 250 беа заробени. Наводно, во конфликтот во Појасот Газа оваа година загинале повеќе од 40.000 луѓе.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski