Connect with us

ФИФА ја казни Тирана, висат трансферите на Хасани и на Цветаноски

Македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани и фудбалерот на Вардар, Матеј Цветаноски, беа блиску до трансфер во Тирана, но албанскиот клуб доби забрана за ангажман на нови фудбалери од ФИФА поради неисплатени долгови кон поранешен играч.

Тирана му должи 200.000 евра на поранешниот играч Моктар Сисе од Мали, а тој го доби спорот на суд, по што ФИФА донесе одлука да и забрани на Тирана да прави трансфери.

Матеј Цветаноски е сега најблиску до Шкупи, а Ферхан Хасани би можел и во далечната Индија. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови