Connect with us

ФИФА им зададе удар на премиеригашите што не пуштаа репрезентативци

Бидејќи неколку англиски клубови не дозволија нивните играчи да одат на собирот нa репрезентацииte, ФИФА, со интервенција на Фудбалскaта асоцијација на Бразил, одлучи значително да ја искомпликува нивната ситуација.


ФИФА го воведе таканареченото петдневно правило. Ова правило предвидува дека сите клубови кои не дозволиле нивните играчи да се посветат на репрезентациите, немаат право да сметаат на нив во следните пет дена.

Ова е најголемиот удар за великаните во Премиер – лигата, како што се Челси, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

Поради ова, Ливерпул нема да може да смета на Алисон, Фабињо и Фирмино во претстојното коло, на Сити нема да му бидат на располагање Едерсон и Габриел Хесус за натпреварот против Лестер, додека Манчестер Јунајтед ќе биде принуден да игра без Фред. Во слична ситуација е и Челси, кој ќе игра против Астон Вила без Тијаго Силва.

Доколку не го почитуваат споменатото правило, ФИФА објасни дека клубовите ќе бидат допонително санкционирани, прво парично, а потоа можеби и со други мерки.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови