
Европската фудбалска организација (УЕФА) и Светската фудбалска федерација (ФИФА) побараа од Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) да избере ново раководство засновано врз демократски принципи до средината на декември. Ова за Радио Слободна Европа (РСЕ) го потврди Новица Тончев, член на Комитетот за итни прашања на ФСС и министер без ресор во Владата на Република Србија, кој и самиот ја прекршува регулативата бидејќи извршува функции во спортот и политиката во исто време..
„Ние сакаме да ја отстраниме политиката од фудбалот. Статутот на УЕФА не споменува поединци, но тој вели дека државата не може да се меша во работата на спортот. Значи, државните институции, Владата, Собранието, не треба да се мешаат во фудбалот”, изјави Тончев.
Тончев рече дека суштината на промените е дека секој што ги исполнува условите, дури и политичар, може да се кандидира за позиција во ФСС, но дека во случај на избор, ќе мора да ја напушти претходната позиција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан без Мајк Мењан на гостувањето кај Удинезе
