Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ja казни Унгарија со суспензија на стадионот за еден натпревар, а вториот условно, во квалификациите за СП 2022 година. Дополнително следи и парична казна од 200.000 швајцарски франци, откако унгарските навивачи расно ги навредија фудбалските репрезентативци на Англија.
Суспензијата е за еден натпревар, а унгарскиот национален тим ќе одигра уште еден натпревар пред празни трибини доколку се случат слични инциденти во следните две години.
Репрезентацијата на Унгарија ќе игра без публика на 9 октомври против Албанија во квалификациите за СП 2022 година.
„ФИФА зазема јасна позиција на нулта толеранција против ваквото однесување во фудбалот“, се вели во соопштението.
Инцидентите се случија за време на натпревар во Будимпешта на 2 септември.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













