
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со цел подобрување на условите во делот на медицинските тимови на клубовите од МФЛ и посветувајќи грижа за здравјето на фудбалерите и учесниците на натпреварите од домашниот шампионат, донираше дефибрилатори за сите, шеснаесет екипи, од Втора МФЛ.
Тимовите од Прва МФЛ преку нашата федерација, во текот на ланската натпреварувачка сезона добија автоматизирани дефибрилатори, а нивните лекарски тимови ги следеа едукативните програми за реанимација и употребата на дефибрилатори меѓу лекарите, тренерите и играчите.
Срцевиот удар е можеби една од главните причина за смрт кај фудбалерите на теренот, а редовните прегледи на срцето и соодветните мерки за прва помош (како што е итна реанимација и употреба на дефибрилатор) можат да помогнат да се спречи смрт од срцеви проблеми.
„Фудбалската федерација на Македонија навистина прави големи напори за снабдување на сите национални тимови со медицинска опрема и апаратура, но исто така, посветува внимание и дава помош во опрема и медицински апарати и за екипите од МФЛ, вклучувајќи го и женскиот фудбал и футсалот.
За нас, исто така е многу важно што освен донацијата со медицинска опрема, како тело во федерацијата кое се грижи за здравјето и медицината, континуирано одржуваме едукација на физиотерапевтите и лекарите ангажирани во клубовите и во репрезентативните тимови. Оваа година го оддржавме и важниот семинар за лиценцирање на лекарите и физиотерапевтите во МФЛ под покровителство на УЕФА.
Комисијата за медицина и антидопинг согласно приоритетните потреби на клубовите од медицински аспект, доставува листа на потребна лекарска опрема и апаратура за клубовите, а Управниот одбор на ФФМ знаејќи ја важноста, ја одобрува и на тој начин даваме придонес за подобрување на медицинските капацитети на нашите клубови. Во овој случај тоа се дефибрилатори за сите екипи од Втората лига.
Знаеме дека ненадејниот срцев удар може да се случи насекаде, па и на фудбалските терени и затоа сметаме дека е неопходно тимовите да бидат снабдени со потребните автоматски дефибрилатори. Освен тоа, на лицата задолжени за лекарска помош во клубовите, нашата федерација им овозможи едукација за реанимација и итна интервенција со употреба на донираните дефибрилатори.
Во иднина ќе продолжиме во таа насока, да бидеме подобар сервис на клубовите и од медицински аспект, а следната наша намера е да се набават медицински торби опремени со медикаменти согласно медицинските УЕФА стандарди за сите учесници во МФЛ.
ФИФА користи свој регистар за ненадејни смртни случаи, а пред неколку години, исто така, започна кампања за ненадејна срцева слабост за да го подобри нивото на едукација за пружање прва помош кај фудбалерите и љубителите на фудбалот на стадионите.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Саудиска Арабија ќе сфати дека фудбал не се прави само со пари
Саудиска Арабија е богата со пари и амбиции. Престолонаследникот Мохамед бин Салман вели дека...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Не е до менталитетот, до квалитетот е!
Македонија имаше водство од 2-0 против Украина и, според зборовите на Барди, играше како...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Калјари со луд пресврт го победи Сасуоло (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Рома ќе мора без Дибала на наредните два меча

Интернационалци
Дени Илиев заминува од Хелсинки

Евро-фудбал
ПСЖ ја пронајде замената за Мбапе

Прва лига
Почина поранешен фудбалер на Шкендија

Евро-фудбал
ПСЖ ја пронајде замената за Мбапе

Прва лига
Бојан Круљ е новиот тренер на Брера

Евро-фудбал
Ливерпул си бендиса напаѓач на Хофенхајм

Евро-фудбал
Калјари со луд пресврт го победи Сасуоло (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Атлетико Мадрид подобар од Алмерија (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна и Арсенал (ВИДЕО)
