
Фудбалската Федерација на Македонија објави дека за претстојниот полуфинален меч од Лигата на Нации против Косово ќе биде користена ВАР-технологија, како помош за арбитрите при евентуалните спорни ситуации на теренот.
„Македонската А репрезентација на 8. октомври од 20:45 часот против Косово на Националната арена „Тодор Проески“ ќе го одигра натпреварот од полуфиналето во Лига на нации за пласман на Европското првенство.
На еден од најважните натпревари за нашата селекција на Националната арена ќе се имплементира ВАР систем, видео технологија за помош при судиските одлуки.
За да се користи т.н. ВАР систем на одреден стадион потребно е да се направи тест за одобрување дека видео технологијата може да се користи. Одобрувањето за користење на ВАР систем го потврдува ФИФА, а сето тоа е поврзано со Правилата на фудбалската игра.
На Националната арена „Тодор Проески“ ќе се изврши тестирање за користење на ВАР технологијата на ден пред натпреварот со Косово по претходен состанок на кои ќе присуствуваат претставници на Фудбалската федерација на Македонија, одговорните за ВАР системот за натпреварот Македонија – Косово и претставник на компанијата „HAWKEYE“ која што УЕФА ја има избрано за официјална компанија за имплементација на ВАР систем на натпреварувања организирани од УЕФА.
На самиот ден на натпреварот ќе се направи тест за синхронизирање (опрема на стадион со ВАР возило), а последното тестирање ќе се изврши на два часа пред почетокот на натпреварот.
Доколку има одредени технички проблеми со имплементацијата на ВАР системот за време на натпреварот, во тој случај видео асистенцијата за помош при судиските одлуки нема да се користи“, се вели во соопштението на Фудбалската Федерација на Македонија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Атлетико Мадрид се фокусира на Адемола Лукман

Евро-фудбал
Ливерпул купува дефанзивец од Бундес-лигата

Евро-фудбал
Наполи го засили нападот со Лоренцо Лука

Прва лига
Тиквеш го врати Иван Ивановски

Евро-фудбал
Карерас е новиот „крал“ во Мадрид
