
УЕФА глобално дозволи присуство на гледачи на стадионите околу 1/3 од целосниот капацитет, а тоа можеше да биде случај и на вечерашниот историски меч меѓу Македонија и Косово. Фудбалската федерација испратила барање до Комисијата за заразни болести за организација на натпревар со публика (би биле околу 12.000 гледачи) согласно капацитет на арената „Тодор Проески“, но, сепак добила негативен одговор поради мерките за безбедност од коронавирусот во државата.
“УЕФА во текот на изминатата седмица преку допис ги информираше националните федерации дека дозволува присуство на публика во ограничен број (1/3 од вкупниот капацитет на стадионот) и Фудбалската федерација на Македонија преку официјален допис до здравствените институции побара дозвола за присуство на публика на утрешниот натпревар, но конечната одлука во однос на присуство на публика на стадионите во нашата држава до овој момент не е променета, односно важи забраната за собири на спортските гледалишта и стадиони“, информираат од ФФМ.
Натпреварот меѓу Македонија и Косово вечерва ќе се игра без присуство на публика како една од мерките и препораките на македонските здравствени власти за заштита од пандемијата Covid-19.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими

Евро-фудбал
Гарначо ја одбил понудата од Ал-Наср

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген
