Фудбалската федерација на Македонија за првпат воопшто, надвор од рамки на УЕФА, е организатор на првиот регионален фитнес камп/семинар за судии.
Нашата федерација е иницијатор и целосно го организира кампот на кои учествуваат судии (машка и женска судиска тројка) од десет држави од регионот.
За предавач на семинарот, ФФМ успеа да го обезбеди Вернер Хелсен. Главниот тренер за судии на УЕФА ги селектираше и подготвуваше судиите за последните три Светски првенства и последните шест Европски првенства.
На отворањето на семинарот, присутните судии од Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Косово, Романија, Бугарија, Албанија и Македонија беа поздравени од раководството на ФФМ, претседателот Муамед Сејдини и генералниот секретар, Филип Поповски.
“Ние како Фудбалска федерација на Македонија веруваме дека само со работа може да се постигне развој на сите полиња. Затоа и во овој сегмент, за развојот на судиите сметаме дека е неопходна континуирана едукација на сите нивоа за да се достигне повисок степен на знаење, но исто така и на физичка подготвеност. Целосно стоиме на располагање, како и досега, на сите наши заинтересирани страни да ја обезбедиме поддршката и да се посветиме на развојот на фудбалската игра, изјави во своето обраќање претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
Генералниот секретар Филип Поповски истакна дека секое искуство е многу драгоцено во денешниот модерен фудбал.
“Наша цел и овој пат, со организација на првиот семинар во ваква рамка е да размениме знаења и искуство во делот на судењето и фитнес подготовката на судиите, но исто така и да изградиме нови мостови на соработка и поврзување. Делот од предавањата и практичната подготовка сакавме да го прошириме со останатите колеги од регионот, како што впрочем го правиме во останатите сегменти на фудбалската игра. Благодарност до сите кои придонесуваат да имаме убаво и искуство кое ќе не направи и посилни и побогати со знаење”, изјави генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski