Фудбалската федерација на Македонија се огласи уште еднаш по вчерашниот скандалозен натпревар меѓу Кожуф и Башкими. Натпреварот не е регистриран, а собрани се искази кои наведуваат на сериозно нарушување на интегритетот. Двата клуба се предадени на Дисциплинската комисија, а известена е и УЕФА.
„Како што најавивме во вчерашното соопштение, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) продолжува со интензивна постапка за утврдување на неправилностите поврзани со натпреварот од 28. коло во Втора МФЛ меѓу ФК Кожуф и ФК Башкими.
По добиени сознанија и укажувања од раководителот на одделот за безбедност и заштита на интегритетот во рамки на ФФМ, веднаш беше отпочната постапка, а изјавите од службените лица на натпреварот (главен судија, тројца помошници, контролор на судии, делегат на натпревар, комесар за безбедност од ФФМ) се веќе добиени.
Тие се прецизни и јасни и укажуваат на тоа дека натпреварот има сериозни нарушувања на интегритетот.

Очигледните неправилности кои се евидентирани се причина Комисијата за натпреварување да не го регистрира натпреварот, односно бодовите од истиот не се заведени.
Истовремено, двата клуба се предадени на дисциплинска постапка.
ФФМ ќе ги искористи сите можни средства согласно своите овластувања за целосно расчистување на овој срамен случај кој фрла сериозна дамка врз фудбалот во Македонија.
Ќе се започне со прибирање изјави од сите лица за кои ФФМ има сознанија дека биле инволвирани во случајот, вклучително и фудбалери за кои постојат индиции за вмешаност.
Притоа, посочуваме дека секој обид за лажно давање изјава ќе сноси соодветна одговорност согласно законските прописи.
Собраниот доказен материјал до овој момент е доставен до архивското одделени при Министерството за внатрешни работи (МВР).
Дополнително, за случајот е информирана УЕФА, која внимателно го следи развојот на настаните.
Фудбалската федерација на Македонија уверува дека ќе ја истера постапката до крај и ќе следуваат драстични казни за сите за кои ќе се докаже дека се вмешани во нарушување на интегритетот на натпреварувањето“, се вели во соопштението на ФФМ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус шокиран на Сардинија (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг
Евро-фудбал
Шоу на Дембеле, ПСЖ убедлив против Лил (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг
Прва лига
Сухел Мухареми го засили Работнички













