Connect with us

ФФМ им се заблагодари на навивачите за поддршката

Фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада Малта со 2-1 на стартот од квалификациите за ЕВРО 2024 година. Избраниците на селекторот Благоја Милевски имаа поддршка од преку 12.000 гледачи, а ФФМ јавно им се заблагодари.


„Драги наши навивачи, од име на Фудбалската федерација на Македонија и стручниот штаб на нашата најдобра селекција, од срце упатуваме голема благодарност до сите вас кои дојдовте да им дадете поддршка на македонските репрезентативци на Националната арена „Тодор Проески“ на натпреварот против Малта.

Навистина сме горди на тоа што со поддршка од Вас, фудбалерите покажаа одлучност, самодоверба и почит кон дресот на македонската репрезентација за важна победа на почеток од квалификациите за ЕП 2024.

Се радуваме на следните предизвици.

Убедени сме дека ќе бидеме на највисоко ниво и на следните натпревари и одново ќе имаме причина за славје пред полни трибини на Националната арена.

До следниот натпревар, #НапредМакедонија ❤️💛“, истакнаа од ФФМ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови