
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Министерството за внатрешни работи (МВР) потпишаа Меморандум за соработка со кој се зајакнува партнерството меѓу двете институции во насока на зајакнување на сигурноста, безбедноста и интегритетот на фудбалските натпревари.
Целта на овој Меморандум е ефективна координација и размена на информации,унапредување на безбедносните протоколи, спречување на насилство и недолично однесување и поттикнување на позитивна спортска култура меѓу навивачите.
Во рамките на соработката ќе се реализираат заеднички безбедносни планови и протоколи за натпревари, редовни координации меѓу службите на МВР и ФФМ, обуки за службени лица и редарски служби, едукативни кампањи за промоција на спортски дух и воведување технолошки решенија за следење и навремена реакција при инциденти.
Со оваа иницијатива, Министерството и Федерацијата испраќаат силна порака дека фудбалот треба да биде простор на почит и фер натпреварување, ослободен од негативни појави.

“Како Фудбалска федерација на Македонија имаме одговорност не само кон играта, туку и кон сите кои се дел од неа – фудбалерите, навивачите, клубовите и општеството.
Со потпишувањето на овој Меморандум со МВР, отвораме ново поглавје во безбедноста и организацијата на натпреварите. Заеднички ќе работиме на создавање средина каде што фер-плејот и почитта ќе бидат норма, а насилството и недоличното однесување – исклучок кој ќе биде санкциониран.
Оваа соработка претставува важен чекор кон европски стандарди во организирање на фудаблски настани и јасно укажува на нашата заложба да изградиме фудбалска култура која инспирира, а не дели. Уверен сум дека заедно ќе постигнеме многу во интерес на фудбалот и општата безбедност“, изјави претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

„Министерството за внатрешни работи континуирано работи на унапредување на безбедносните стандарди и заштита на јавниот ред и мир, особено кога станува збор за настани со масовно присуство како што се фудбалските натпревари.
Потпишувањето на Меморандумот со ФФМ претставува основа за продлабочена и координирана соработка. Заедничките активности, обуки, планови и комуникациски механизми ќе овозможат навремено препознавање и спречување на потенцијални ризици, со крајна цел – зголемена безбедност за сите учесници и посетители на спортските настани.
Во оваа насока, една од клучните цели е заштитата на интегритетот, односно препознавањето и спречување на организираниот криминал и корупција, воопшто во спортот.
Оваа иницијатива не е само административен чекор, туку конкретна акција насочена кон заедничка одговорност, превенција и градење на здрава и безбедна спортска култура во Македонија“, изјави Александар Јанев, директор на Бирото за јавна безбедност.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал влегува во трка за трансферот на Родриго
