
Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница ја разгледа и одлучуваше по жалбата на ФК Вардар за случајот „регистрација на фудбалерот Гордијан Христовски од ФК Гостивар“.
Откако го доби и разгледа дописот од ФК Гостивар (одговор на жалба) и писмениот допис за случајот од Комисијата за верификација, членовите на Комисијата за натпревари едногласно (со иземање на еден член од комисијата поради судир на интереси) ги донесоа следните одлуки за случајот со регистрацијата на фудбалерот на ФК Гостивар:
Комисијата за натпревари, натпреварот ФК Гостивар – ФК Пехчево го регистрираше со постигнатиот резултат.
Регистрацијата на фудбалерот Гордијан Христовски за ФК Гостивар објавена во Макфудбал број 3 на 25. јануари 2023, ниту еден клуб не ја обжалил во предвидениот рок од осум дена, поради што на натпреварот ФК Гостивар – ФК Пехчево немало натпреварувачки последици за настапот на фудбалерот.
Комисијата за натпревари донесе одлука, ФК Гостивар и фудбалерот Гордијан Христовски поради прекршување на член 10 од правилникот за регистрација да се предадат на дисциплинска комисија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен

Млади репрезентации
Станиќ: Подготвени сме за уште еден предизвик против врвна репрезентација

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
