
Фудбалската Федерација на Македонија преку кратко соопштение на својата официјална веб-страница испрати јавна благодарност до фановите за дадената поддршка на последните репрезентативни натпревари, но и до сите оние кои беа вклучени во беспрекорната организација на дуелите со Полска и со Австрија.
Соопштението од ФФМ го пренесуваме во целост:
Фудбалската Федерација на Македонија сака да упати искрена благодарност до сите навивачи, сите љубители на фудбалот кои беа присутни на Националната Арена Тодор Проески за натпреварите со Полска и Австрија. Ви благодариме што во толкав број покажавте како се сака и се бодри нашата репрезентација со срце, и во победите, но и во поразите.
Искрена благодарност и до сите служби кои беа вклучени во беспрекорната организација на натпреварите. Особена благодарност до Министерството за Внатрешни работи и службите на Националната Арена Тодор Проески. Сите оценки од страна на УЕФА укажуваат на тоа дека ние како држава сме подготвени на највисоко ниво да организираме натпревари оценети како висок ризик, и со тоа да бидеме пример за останатите земји и федерации во регионот и во Европа.
Се надеваме дека и во иднина ќе ја имаме поддршката и од вас, навивачите, и од службите кои беа дел од тимот на организација на натпреварите, дека ќе покажеме сплотеност на теренот, но и надвор од него – обединети во радоста која ја носи фудбалот!

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Шон Дајш е новиот менаџер на Нотингам Форест

Евро-фудбал
Де ла Фуенте: Јас сум како Роки Балбоа

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)
