
Бока Јуниорс го назначи Фернандо Гаго за нов тренер, објави клубот. Поранешниот аргентински репрезентативец се враќа во тимот каде што го направи своето фудбалско деби во 2004 година.
38-годишниот Гаго, кој има одиграно 121 натпревар за Реал Мадрид во текот на својата кариера, го заменува Диего Мартинез, кој поднесе оставка минатиот месец по три последовни порази во аргентинското првенство.
„Гаго го потпиша договорот со Бока и е новиот тренер на клубот. Добредојде дома, Фернандо“, напишаа од тимот на социјалните мрежи.
Поранешниот дефанзивен играч за врска има играно за Реал Мадрид, Рома и за Валенсија, пред да се врати во аргентинскиот фудбал во 2013 година, за да игра повторно за Бока Јуниорс. Својата играчка кариера ја заврши во Велез Сарсфилд.
Како тренер, Гаго го предводеше Расинг Клуб до шампионската титула на Аргентина и до Интернационалниот Суперкуп по престојот во Алдосиви де Мар дел Плата. Гаго, кој во декември го презеде Чивас, минатиот четврток изјави дека ќе го напушти мексиканскиот клуб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
