Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Фермин Лопез, верува дека игрите на тимот ќе се подобруваат со секој изминат ден до крајот на сезоната. Тој не започна најдобро оваа сезона, но сѐ почесто го добива своето место во тимот на Ханси Флик и ужива во својата игра.
Лопез веќе постигна пет голови и има пет асистенции од почетокот на сезоната, а изрази надеж дека ќе ја одржи добрата форма што е можно подолго.
Младата ѕвезда на Барселона покажа самодоверба и изјави дека неговиот тим ќе биде еден од финалистите во Лигата на шампионите оваа година.
„Секогаш сум имал способност да влегувам во противничкиот шеснаесетник и да ги завршувам нападите. Првата половина од сезоната не помина најдобро за мене, но сега имам многу повеќе самодоверба, тренерот ми дава сѐ повеќе можности и се обидувам да помогнам на тимот“, изјави Лопез.
„Најубавиот, но и најтешкиот дел од сезоната допрва следи. Се наоѓаме во добар момент и работиме добро. Подготвени сме за она што следи. Ќе биде тешко и ќе има натпревари во кои ќе губиме, но ние сме единствени и сите сакаме да ги постигнеме нашите цели, а тие се да освојуваме титули. Оваа година Барселона ќе биде во финалето на Лигата на шампионите“, уверува Фермин Лопез.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













