Connect with us

Фенербахче официјално го потврди Жозе Мурињо за нов тренер

Фенербахче официјално го објави назначувањето на Жозе Мурињо за нов тренер на тимот. Според информациите, договорот ќе биде на две години, со можност за продолжување за уште 12 месеци.

„Специјалниот“ денеска од Лондон поаѓа за Истанбул каде ќе се приклучи во работата на клубот. Синоќа гостуваше како аналитичар во финалето на Лигата на шампионите и уште тогаш потврди дека ќе го преземе Фенербахче.

Мурињо вечерва ќе им биде претставен на навивачите на клубот.

Искусниот стратег ќе има мисија Фенербахче да стане шампион на Турција, нешто што не се случило цели десет години.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови