Полскиот ветеран Роберт Левандовски на крајот од сезоната речиси сигурно ќе ја напушти Барселона. Напаѓачот нема да добие нов договор од каталонскиот клуб, но тоа не значи дека нема заинтересирани клубови кои веднаш би му понудиле соработка.
Тој веќе има понуда од Саудиска Арабија вредна 100 милиони евра за две сезони, а турските медиуми откриваат дека и Фенербахче нема да штеди пари за да го доведе одличниот голгетер во Истанбул.
Фенербахче е подготвен на Левандовски да му достави понуда што тој нема да може да ја одбие, тврдат медиумите во Турција.
За Левандовски е заинтересиран и калчолигашот Милан, па останува да се види каква ќе биде неговата одлука околу продолжувањето на кариерата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













