
Фудбалерите на турскиот гигант Фенербахче го напуштија теренот пред три дена во првата минута од финалето на Суперкупот, во кое играа против Галатасарај. Мауро Икарди, напаѓачот на Галатасарај, постигна гол за водство на својот тим уште во првата минута. Фудбалерите на Фенербахче потоа го напуштија теренот и Галатасарај победи.
Челниците на Фенер решија на овој меч да испратат јуниори за да го изразат својот протест поради безбедносните мерки на последниот меч со Трабзонспор. На него локални навивачи влетаа во теренот и ги нападнаа играчите на Фенербахче.
Пред натпреварот од Суперкупот побараа промена на распоредот и да судат странски судии, но фудбалската федерација на Турција тоа го одби. Турските медиуми пишуваа дека клубот дури размислува и за напуштање на лигата.
Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Турција му изрече казна на истанбулскиот великан за напуштање на теренот.
Фенербахче е казнет со 115.000 евра, а натпреварот е регистриран со 3-0 во корист на Галатасарај. Дополнително, членот на Управниот одбор Ахмет Кетенчи е суспендиран од извршување на сите должности на два месеци бидејќи ја повлече екипата од теренот. Тој е казнет и со 15.000 евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Хојлунд нема намера да го напушти „Олд Трафорд“
