Connect with us

Фенербахче и Галатасарај во трка за Заниоло

Николо Заниоло е непосакуван во Рома и речиси сигурно кариерата ќе ја продолжи во Турција, но сѐ уште не е јасно дали во редовите на Галатасарај или на Фенербахче. Последните информации говорат дека Фенербахче се подготвени да достават понуда која во поголема мера и одговара и на Рома и на играчот.

Сумата на трансферот ќе биде околу 30 милиони евра плус бонуси, колку што понуди Борнмут, но Заниоло одби да се пресели во англискиот клуб.


Италијанскиот интернационалец инсистира на лето да му биде внесена ниска откупна клаузула за тимови од Италија за враќање во Серија А, со оглед дека има контакти со Милан и со Јувентус.

Заниоло сака клаузулата да биде вредна најмногу 30 милиони евра. На оваа опција се согласува Фенербахче, додека Галатасарај се надева дека по крајот на сезоната ќе добие најмалку 35 милиони за напаѓачот.

Во среда се затвора преодниот рок во Турција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови