Италијанскиот репрезентативец и фудбалер на Јувентус, Федерико Киеза, е успешно опериран по сериозната повреда на вкрстените лигаменти на левото колено. Од клубот истакнаа дека опоравувањето ќе трае околу седум месеци.
Киеза се повреди на мечот со Рома пред две недели, а операцијата се оддолжи затоа што тој не беше во доволно добра здравствена состојба.
Киеза поради повредата ќе ги пропушти не само преостанатите натпревари на „бјанконерите“ во текот на сезоната, туку и плејоф мечот против Македонија за Светското првенство во Катар.
Доколку рехабилитацијата на фудбалерот мине според очекувањата, тој би требало да биде подготвен за враќање во тимот на почетокот на следната сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













