Connect with us

Федерико Киеза експресно се враќа во Серија А?

Федерико Киеза ја напушти Серија А на крајот од летниот трансфер период по многу години и прејде во Ливерпул, што му донесе големо задоволство.

Сепак, не се одвива сè како што треба на „Енфилд“, и тој одигра само три натпревари откако се реализираше трансферот вреден 12,5 милиони фунти.

Последните четири натпревари овој напаѓач ги пропушти поради повреда, а нема знаци дека ќе се врати ни за дербито со Арсенал.

Менаџерот Арне Слот изјави дека Киеза не се снаоѓа во Премиер – лигата и дека му треба време за да се навикне на интензитетот.

Сепак, според Калчомеркато, постои можност тој брзо да се врати во Серија А и да биде позајмен на Интер, со опција за комплетен откуп на договорот. Како потенцијални решенија за Италијанецот се споменуваат и Милан и Рома.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови