Италија е во шок откако крадци влегле во домот на Паоло Роси за време на неговиот погреб. Однеле вредни лични работи на легендарниот италијански голгетер, неговиот омилен часовник, неколку награди и признание од богата кариера. Ожалостената сопруга Федерика Капелети вели дека полицијата треба да ги пронајде виновниците, но никој не може да им ги украде убавите спомени за Паоло Роси.
„Немам сили да се борам и со крадците. Полицијата треба да ја заврши работата и се надевам дека ќе ги пронајде и ќе ги казни виновниците. Очекувам и да ни бидат вратени предметите кои му припаѓаа на Паблито. Можат да украдат се, но спомените за Паоло никој не може да ни ги украде“, изјави Федерика Капелети.
Паоло Роси почина во Виченца во 64. година од животот по долго и тешко боледување, имаше канцер на белите дробови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













