Познатиот турски тренер Фатих Терим по седум месеци најде нов клуб. Тој последниот ангажман го имаше во Панатинаикос, каде што дојде со големи очекувања по смената на Иван Јовановиќ, но не успеа да ги постигне очекуваните резултати.
Сега, Терим започнува нова мисија во Саудиска Арабија. Тој потпиша договор до крајот на сезоната со Ал-Шабаб, каде што ќе го замени Витор Переира, кој прејде во Вулверхемптон.
За Терим, ова е четвртиот клуб надвор од Турција во неговата кариера, по ангажманите во Фиорентина, Милан и Панатинаикос.
Тимот на Ал-Шабаб моментно се наоѓа на шестото место на табелата, а меѓу познатите играчи во тимот се Јаник Фереира Караско, Даниел Поденс и Џакомо Бонавентура.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













