Connect with us

Фантастичен гол на Депај, Атлетико Мадрид тргна со победа (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид триумфално ја отвори сезоната во Ла Лига откако на домашен терен ја победи Гранада со 3-1. Ќе се памети долго голот што го постигна Мемфис Депај во 67.минута кога со силен и прецизен удар од 25 метри погоди во горниот агол од противничкиот гол.

Алваро Мората го отвори резултатот на крајот од првиот дел, а Гранада израмни преку Саму во 62.минута.

Пет минути подоцна Депај ја врати предноста за Атлетико, а во последните мигови од мечот Маркос Љоренте постигна трет гол за конечни 3-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови