
Фановите на Валенсија планираат протест против сопственикот на клубот, Петер Лим, за време на вечерашниот прв натпревар на новиот тренер Карлос Корберан. „Лилјаците“ платија компензација од 3 милиони евра на ВБА за да ги обезбедат услугите на Корберан, чија главна задача е да го спаси клубот од испаѓање.
Моментно Валенсија се наоѓа во зоната за испаѓање, со само две победи од почетокот на сезоната. Дебито на Корберан ќе биде против Реал Мадрид на домашен терен, што претставува дополнителен предизвик, а Столе Димитриевски треба да биде голот.
Иако првично навивачите планирале целосно да го бојкотираат натпреварот, тие ја променија одлуката за да му дадат поддршка на новиот тренер. Според најновите информации, фановите ќе останат надвор од стадионот до 19-тата минута, со цел телевизиските камери да ги регистрираат празните трибини, а потоа ќе влезат за да го поддржат тимот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal