
Двајца навивачи на фудбалскиот клуб Брајтон се повредени и ограбени синоќа во Рим, соопшти денеска полицијата од овој град.
Двајца мажи, на возраст од 28 и 29 години, се хоспитализирани поради „полесни рани од нож“ на бутовите, изјави портпаролот на локалната полиција за АФП.
На повик на келнер во ресторан околу полноќ, полицијата интервенирала кога навивачите на Брајтон биле нападнати од неколку маскирани лица.
Напаѓачите од навивачите на Англија украле торба со лични документи и паричници.
Покрената е истрага за откривање на одговорните за нападот.
Фудбалерите на Брајтон вечерва и гостуваат на Рома во првиот натпревар од осминафиналето на Лига Европа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
