Легендарниот колумбиски напаѓач Радамел Фалкао (35) потпиша договор со шпанскиот прволигаш Рајо Валјекано и ќе му биде соиграч на македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски.
Фалкао се враќа во Шпанија по осум години, каде претходно го носеше дресот на Атлетико Мадрид и ќе биде голем адут на Рајо во борбата за опстанок.
Искусниот напаѓач избра и прилично чуден број на дресот за напаѓач. Тој се одлучи за бројот „3“, и има многу посебна причина зад овој избор. Тоа е посвета за неговиот татко, кој најчесто го носеше овој дрес за време на неговата фудбалска кариера.
Радамел Енрике Гарсија Кинг почина во 2019 година, а во текот на својата фудбалска кариера играше за голем број колумбиски и венецуелски клубови.
❤ Un dorsal muy especial ❤
— LaLiga (@LaLiga) September 16, 2021
🇨🇴👕👏 ¡El 3⃣ que llevó tu padre, @FALCAO! #LaLigaSantander pic.twitter.com/ALYXN4ywiR
🐯👏🇨🇴 ¡La clase no se pierde, @FALCAO! #LaLigaSantander pic.twitter.com/Wap7CiemgI
— LaLiga (@LaLiga) September 16, 2021
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal