
Белгиецот Фајсел Касми е најновото засилување на Брегалница за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
26-годишниот Касми, кој е централен играч за врска, има одлична фудбалска биографија настапувајќи шест години во белгискиот шампионат во редовите на Лирс, Стандард Лиеж, Жерминал Бершот, Жил и Висе, а во сезоната 2020/2021 беше дел и од бугарскиот прволигаш Черно Море. Неговиот последен клуб е Дофар од Оман, од каде сега доаѓа како големо засилување за Брегалница.
Касми се обврза на двегодишна верност на Брегалница, со договор до јуни 2024 година.
„Доаѓам во Македонија со отворена желба, со сето мое интернационално искуство да придонесам Брегалница да дојде до посакуваните цели и амбиции. Многу слушав за овој клуб пред да дојдам, знам дека има и максимално верни навивачи кои секогаш се со клубот, и за мене навистина ќе биде чест да го носам синиот дрес“, истакна Касми по промоцијата во дресот на Брегалница.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
