
Манчестер Сити е обвинет од ФА на Англија дека не ги контролирал своите играчи за време на неделното реми со Тотенхем (3-3) во дербито во Премиер – лигата.
Неколку играчи на Сити го опколија судијата Сајмон Хупер на крајот од натпреварот, откако тој го сопре нападот на Џек Грилиш во последните минути од судиското продолжение. Судијата во оваа ситуација досуди прекршок над голгетерот на „сините“, Ерлинг Халанд, иако топката беше во посед на Манчестер Сити.
„Манчестер Сити е обвинет за прекршување на правилата на ФА откако играчите од тимот го опколија судијата за време на натпреварот против Тотенхем во Премиер – лигата. Клубот не беше во можност да обезбеди контрола над своите играчи на крајот од натпреварот“, се вели во соопштението на ФА.
Манчестер Сити има рок до четврток да одговори на обвинувањата. Шампионите се третопласирани на табелата со три бода помалку од лидерот Арсенал. Во среда „граѓаните“ ќе се сретнат со Астон Вила.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Гави заминува на операција, потврди Барселона
