Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, денеска ќе го претстави проектот на новата фудбалска Европска Суперлига. Како што објави „Газета дело спорт“, Анњели ќе претстави нов проект за време на Самитот за бизнис и фудбал.
Првиот проект на Суперлигата од 12 клуба беше претставен лани во април, но пропадна за 48 часа. По острите критики од фудбалските организации, клубови и навивачи, од проектот се повлекоа прво клубовите од Премиер – лигата, а потоа и другите, освен Јувентус, Реал Мадрид и Барселона.
Весникот наведува дека Ањели и неговиот колега од Реал Мадрид, Флорентино Перез, работат на алтернативен план, кој денеска ќе го претстави првиот човек на „старата дама“.
Овој проект ќе се разликува малку од првичниот, ќе биде сличен на Лигата на нации, со испаѓање и влез на екипи во натпреварувањето. Директно учество во Суперлигата би можеле да добијат 24 клуба, врз основа на резултатите од европските натпреварувања во претходната сезона, со осум клубови кои би се пласирале преку нивните национални лиги.
Не е познато кој е критериумот според кој клубовите ќе го добијат учеството од Суперлигата од своите лиги.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski